Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ана Марија Коларовска: Меѓусебната и мотивацијата од тренерите на крајот не доведе до триумф
Ана Марија Коларовска: Меѓусебната и мотивацијата од тренерите на крајот не доведе до триумф

Ана Марија Коларовска: Меѓусебната и мотивацијата од тренерите на крајот не доведе до триумф

Трета победа во Супер лигата за екипата на ЖРК Вардар, која изминатиов викенд го одигра 5.првенствено коло.На домашен терен избраничките на Симовски и Ристова беа подобри од екипата на Стружанка. Заслужена победа за оваа млада екипа на Вардар која во еден момент имаше предност и од пет голови, противникот се доближуваше и го израмнуваше резултатот, но на крајот вардарки се изборија за нови бодови.  За впечатоците од победата можете д прочитате од изјвата на Ана Марија Коларовска која го заврши дуелот со 3 постигнати голови.

-Победата не беше лесна, со оглед дека пред себе имавме добар противник. Не сме многу задоволни од нашата игра, свесни сме дека можевме повеќе и дека поради многу технички грешки за време на целиот натпревар му дозволивме на противникот да се доближи. Првото полувреме го завршивме изедначено, иако имавме водство од плус пет, но сепак желбата за победа кај ниедна од нас не згасна, меѓусебната и мотивацијата од тренерите на крајот не доведе до триумф.

41339077_1329349343868266_2537222402211840000_n

После пет одиграни кола, Вардар се наоѓа на 3.место на табелата со 10 освоени бодови.

-Како најмлад тим во супер лигата, засега сме задоволни од нашите резултати. И покрај нерешениот резултат со Куманово, каде имавме големи шанси за победа одлично се носиме со сите предизвици. Мислам дека во продолжение ќе имаме доста тешки, но и успешни натпревари.

Звонко Ивановски