Поранешниот помошник на Раул Гонзалез во РК Вардар, Давид Дејвис денес е назначен за нов тренер на Веспрем. Тој заедно со неговиот сонародник го водеше тимот на црвено-црните до најблескавиот успех во црвено-црната историја, европската круна на Ф-4 во Келн.
Шпанецот доаѓа на местото од Љубомор Врањеш кој неодамна доби отказ од унгарскиот клуб по поразот токму од Вардар. Камара ќе се врати во СЦ “Јане Сандански“ каде доживуваше големи успеси со РК и ЖРК Вардар овој пат како гостински тренер. Дејвис потпиша едногодишен договор со унгарскиот вице-првак, во истиот има можност за продолжување на уште една година.