Специјалистот за одбрана во тимот на Кјелце Марко Мамиќ, нема да игра против Вардар поради повреда. Оваа вест е дополнителен негативен податок за тренерот на домаќините Талант Душебајев, кој покрај сега повредениот Мамиќ, има уште неколку други ракометари во “аут”.
Мамиќ оваа сезона нема постигнато гол во Лигата на шампионите, но игра одлично во дефанзива па сигурно Вардар ќе има повеќе опции.
Покрај него, нема да играа уште и Кулеш, Бис, Јуркиевич.