Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Милосављев: Велат добар си нема да останеш долго, јас одговарам- Сакам до крај на кариерата да сум во Вардар
Милосављев: Велат добар си нема да останеш долго, јас одговарам- Сакам до крај на кариерата да сум во Вардар

Милосављев: Велат добар си нема да останеш долго, јас одговарам- Сакам до крај на кариерата да сум во Вардар

Дејан Милосављев може да кажеме дека дојде тивко, но веднаш стана ѕвезда. Со своите одлични партии во дресот на Вардар стана миленик на публиката, и незаменлив дел од екипата. Сите во него го гледаат наследникот на Арпад Штербик, но за младиот Дејан Милосављев поважно е тимот да продолжи да победува. Така и неговата желба се исполнува, и онаа на клубот и навивачите. Имаше одличен почеток на сезоната, веднаш влезе во различните избори што ги прават како играч на натпревар, со најдобра одбрана, тој во интервју за клубскиот сајт вели:

* Во Вардар пристигна како втор голман, со цел на учиш, да се надградуваш но стана дел од првата екипа и сега е незамисливо да се игра без тебе. Сезоната ја почна со пет победи во СЕХА лигата, четири во ЕХФ лигата на шампионите. Очекуваше ли таков почеток на твојата кариера во Вардар?
„Искрено не го очекував ова. Знам дека сум на вистинското место. Севкупниот труд и подготовките, како и поддршката на екипата, клубот и голманскиот тренер Дејан Периќ дадоа ваков резултат, односно да јас бидам подготвен да ја понесам улогата на првиот голман. Воопшто не е мал залак, односно, многу е тешко да се биде прв голман во ваков клуб, покрај вакви навивачи и со големиот притисок. Но мислам дека добро се снајдов и можам да речам дека ќе бидам задоволен ако продолжи вака, но би сакал да биде уште подобро.

milosavljev-2

* Што си помисли кога го доби повикот да се приклучиш на Вардар?
„Првиот пат кога ме повикаа бев во Хрватска со репрезентацијата, во јануари. Менаџерот ми кажа дека Вардар се јавил и што мислам јас? Одговорив дека сакам во Вардар. Не прашав ниту едно дополнително прашање.

* Колку ти беше тешко да се привикнеш на новиот начин на работа и на поинакви амбиции?
„Мислам дека за нас балканците е олеснување што е клубот во Македонија и што се зборува, ако може така да речам еден од балканските јазици, односно македонскиот јазик, но и српско-хрватскиот го зборуваат па лесно се разбираме. Сличен е и менталитетот, и со руските играчи лесно се разбираме. Сите сме тука некаде, слично размислуваме и мислам дека тоа е една голема предност за играчите кои доаѓаат од овие простори да се прилагодат.

* Поразлично ли е на терен од она што се гледа на ТВ или од трибините. Досега ЛШ и СЕХА можеше само да ги гледаш, а сега и да бидеш дел од нив?
„Искрено, првото чувство беше неверојатно уште кога влегов во соблекувалната и кога ја видов како изгледа. Ги гледав играчите како Тимур, Карачиќ, и сето тоа за мене беше големо воодушевување. Да можам да тренирам и секојдневно да живеам со нив значи многу. И претходно бев во клуб кој имаше големи амбиции, Партизан, но ова сега е нешто сосема друго – да се биде дел од Лигата на шампионите. И СЕХА лигата ги има своите квалитети, и мислам дека е на одлично ниво како е организирана. Но многу сум среќен, не можам да го најдам вистинскиот збор за чувството кое го доживувам во Скопје. Пред три месеци играв во српската лига, а сега играм Лига на шампионите. Ги победивме Веспрем, Монпелје, Кристијанштад, Рајн Некар. И не знам, да ми кажеше некој да ја кажам најголемата желба што ја имам, тоа е ова што сега ми се случува со Вардар.

Целото интервју прочитајте го тука