Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Вардар Јуниор со пораз во дербито од Металург 2 ја стартуваа сезоната во младинската лига
Младинците на Вардар Јуниор со пораз во дербито од Металург 2 ја стартуваа сезоната во младинската лига

Младинците на Вардар Јуниор со пораз во дербито од Металург 2 ја стартуваа сезоната во младинската лига

Младинците на Вардар Јуниор со пораз ја стартуваа новата сезона во младинската ракометна лига. Избраниците на Пепи Манасков и Стојан Петрушевски во С.Ц. Јане Сандански беа поразени во дербито од екипата на Металург 2, во рамките на групата 2.

Гледавме неизвесен меч со многу погодоци, на кој на крајот подобро се снајде тимот од Автокоманда. Двете екипи постојано се менуваа во водство и во првото полувреме ниту еден од тимовите не се одлепи на поголема позитива од два гола разлика. Иако црвено-црните на средината од првиот дел имаа два гола предност, до крајот на првиот дел екипата на Металург успеа да го израмни резултатот на 13:13.

w

Во второто полувреме, тимот на Металург беше тој што го контролираше резултатот, иако Вардар се до последниот момент не се предаде, дури и во моментите кога имаа четири гола негатива. Се вративме во игра и повторно го израмнивме резултатот, но Металург повторно се одлепи на три гола разлика, што беше решавачко за конечниот победник. На крајот триумф за гостинската екипа изразена со резултат 28:30.

Најефикасен во нашиот состав беше Дејан Кукуловски кој постигна 10 голови, додека Марко Мишевски имаше 6 погодоци.

ВАРДАР ЈУНИОР: Јанковски, Кукуловски 10, Нанов, Јакимовски,  Карапалевски 3, Кизиќ,  Атанасовски,  Бикоски,  Ќосевски 2,  Анѓелковски,  Димитровски 4,  Ангелковски, Ѓоргиев 1,  Мишевски 6,  Цветаноски 2,  Петковски.