Германскиот репрезентативец, Кристијан Дисингер успешно ги помина неопходните медицински прегледи и од следниот натпревар во Лигата на Шампионите ќе се стави на располагање на тренерот Гарсија Парондо. Во четвртокот се официјализира неговиот трансфер, па Дисингер стави потпис на двегодишен договор со Вардар. Тој не отпатува со тимот во Полска, што значи дека нема да биде во составот и за дуелот од СЕХА-лигата против екипата на ППД Загреб.
Се очекува своето деби во црвено-црниот дрес, Дисингер да го има на дуелот од СЕХА-лигата против екипата на Брест Мешков. За неколку дена Вардар ќе одигра два дуели со овој противник.Најпрво на 30-ти октомври црвено-црните гостуваат во белорусија, додека на 3-ти ноември во Јане Сандански, Вардар е домаќин на натпревар од Лигата на Шампионите. Токму на овие дуели очекуваме да го видиме и новото засилување.