На денешен ден пред точно една година, Вардар славеше голема победа во рамките на Лигата на Шампионите. Тогаш избраниците на Раул Гонзалез во С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на Барселона и стигнаа до четвртата победа во својата група. Исто како и денес и минатата година се играше 5.коло од ЛШ, а црвено-црните дојдоа до четвртиот триумф откако ја совладаа Барселона, а во претходното коло одиграа со нерешен резултат во дуелот со Пик Сегед. Црвено-црните ја победија Барса со резултат 27.24, а најдобар стрелец беше Борозан со 6 голови.
Вардар никогаш на стартот од сезоната не му успеало да стигне до пет последователни победи, се надеваме дека такво нешто ќе се случи токму денес.