Одлични два натпревари за генерација на ФК Вардар родени “2006„ година, кои денес на терените на ФФМ во рамките на 4.коло од детската лига забележаа убедливи победи во дуелите со екипата на Работнички.
Вардар (1) прв се појави на теренот и за противник го имаше тимот на Работнички (1). Избраниците на Филип Спасевски одиграа одлично и забележаа голема победа, изразена со резултат од 5:0. По првото полувреме, црвено-црните имаа водство од 3:0. Резултатот на овој дуел го отвори Марко Николовски, кој прв успеаа да ја затресе противничката мрежа и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Доминиравме на теренот, имавме целосна иницијатива, а екипата на Работнички беше во подредена улога. Вардар го зголеми резултатот на 2:0 со голот на Нуман Ајетовиќ, а до крајот на првиот дел, тимот на Работнички си постигна авто-гол, што значеше водство на Вардар од 3:0 по првиот дел.
Во второто полувреме исто така имавме поголем посед на топка и создадовме повеќе шанси од противникот, од кои две успеавме да ги реализираме. Двата погодоци во овој дел од мечот беа дело на Алтин Алији, кој ги постави конечните 5:0 на овој дерби натпревар од детската лига, а на нашиот гол Андреј Данстак имаше неколку одбрани и не дозволи денес неговата мрежа да биде затресена.
Уште поубедлив беше “братскиот„ Вардар (2) кој го победи тимот на Работнички (2), на овој меч високо триумфиравме со резултат 11:1. Голгетерски расположен денес беше Антони Динов кој постигна дури шест голови. Самиот резултат говори за одразот на силите на двете екипи и за доминацијата на Вардар на овој дуел. Никита Патаровски беше играчот кој прв успеа да ја затресе мрежата на противникот, се ослободи од неколку играчи на противникот, шутирше силно и погоди за почетно водство од 1:0. На вториот гол не се чекаше многу време, кога Михаил Танчев на одлична асистенциј од Јован Илоски успеа да постигне гол и да зголеми на 2:0.
На нашиот гол со одбрана се истакна и Дамјан Таневски. Следните десеттина минути му припаѓаат на новото засилување на Вардар, напаѓачот Антони Динов кој успеа за краток период да постигне три голови во серија и да зголеми на високи 5:0 за својот тим. Во шанса се најде и Илоски, но одбрани голманот на Работнички. Поради еден прекршок над Танчев во противничкиот голмански простор, беше досуден пенал за Вардар, а тренерот Спасевски довербата да го изведе казнениот удар му го додели токму на Танчев, кој бие прецизно за предност од 6:0. Антони Динов одигра одличен натпревар и беше нерешлива енигма за противничкат одбрана, па со негов нов вкупно четврти гол до тој момент зголемуваме на 7:0. До крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запиша и Максим Цониќ, кој погоди за 8:0 на полувреме.
Тренерот Спасевски им даваше подеднаква минутажа на сите момци, кои му беа на располагање за денешниот натпревар, а сите со голема борбеност вратија за довербата. Пред да постигнеме нов гол имавме шанси преку Танчев и Анастасов, кои останаа нереализирани. Таневски со нова одбрана се истакна на голот на Вардар. Прв гол на денешниот натпревар и за Мирза Хасиќ, кој погоди од прва на нафрлена топка од корнер. Двоцифрена предност од 10:0 донесе Антони Димов, кој погоди на одлична асистенција од Митев, за високи 10:0, а истиов играч се погрижи за шестти негов гол денес кога погоди за 11:0. Во последната минута од дуелот почесен гол постигна и тимот на Работнички, за конечни 11:1.
Одлично издание денес за вардаровата генерација “2006„ која можеби ги одигра двата најдобри натпревари оваа сезона.