Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат составот за дуелот со Киелце
Познат составот за дуелот со Киелце

Познат составот за дуелот со Киелце

Денес со почеток од 17:00 часот, вардарци ќе водат нова голема битка за победа во Лигата на Шампионите. Црвено-црните ќе гостуваат на екипата на Киелце и ќе се обидат да стигнат до нов триумф во најсилната група А. Тренерот на Вардар, Гарсија Парондо го објави составот за денешниот дуел.Познато е дека денес нема да можеме да сметаме на услугите на Фереира, но затоа тука е капитенот Стоилов.

Вардар: Борозан, Чупиќ, Дибиров, Гедбан, Калараш, Карачиќ, Киселев, Кристопанс, Милосављев, Мишевски, Поповски, Шишкарев, Скубе Стоилов, Војводиќ.

Натпреварот можете да го проследите со директен пренос на Арена Спорт 2.