Тигран Барсегјан забележа нов настап за националниот тим на Ерменија коj доживеа дебакл на домашен терен и беше поразен од Гибралтар.
Во шокантниот пораз нашиот крилен играч беше стартер и одигра се до 60. минути кога беше заменет. На 16. октомври во Ереван, Барсегјан ќе има нова шанса за настап, овој пат токму против Македонија.
Претходно во македонската репрезентација беше повикан Кристијан Тошевски, но нашиот дефанзивец не доби шанса во вчерашната убедлива победа од 4:1.
Само да потсетиме дека Тодор Тодороски е со младинската селекција на Македонија.