Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одбраната на Вардар на нов испит, овој пат против Душебаев, Циндриќ, Агинагалде
Одбраната на Вардар на нов испит, овој пат против Душебаев, Циндриќ, Агинагалде

Одбраната на Вардар на нов испит, овој пат против Душебаев, Циндриќ, Агинагалде

Нов викенд и ново ракометно уживање, но овој пат пред малите екрани. Црвено-црните се наоѓаат во Полска, каде попладнево ќе го одиграат натпреварот од 5.коло во рамките на најсилната група А од Лигата на шампионите.

Правиме кратка анализа на тимот на Киелце. Несомнено најголемата опасност по нашиот гол денеска ќе доаѓаа од екс вардарците Алекс Душебаев и Лука Циндриќ. Душебаев игра одлично сезонава и заслужено се наоѓаше на делба на првата позицијата кога се во прашање стрелците пред стартот на ова коло. Покрај него, многу нешта во играта ќе зависат и од организаторот на играта Циндриќ. Покрај нив двајца, тука е и секогаш мотивираниот за игра кога игра против македонски тим, Јурецки кој оваа сезона има постигнато 11 погодоци. Дали ќе го положи и денешниот испит одбраната на Вардар ќе видиме. Доколку нашите дефанзивци успеат да го задржат фантастичниот кружен напаѓач Агинагалде, тогаш со сигурност голем дел од работата ќе биде завршена.

Кога е во прашање одбраната на Киелце пак, тука се чини дека денеска тренерот Душебаев ќе ги има најголемите потешкотии. Повредени се неколку специјалисти за одбрана, па токму тука Вардар треба да ја бара својата шанса. Да не ги заборавиме и голманите. Добро познати лица ќе бидат помеѓу стативите на противникот. Ивиќ е прв голман, а пак втор е Србинот Чупара.

Натпреварот започнува со почеток од 17.00 часот.