Тодор Тодороски забележа нов настап за селекцијата на Македонија до 21 година која денеска забележа убедлива победа на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје со резултат 6:1 против Гибралтар.
Тодороски одигра одлично во високата победа и забележа една асистенција при петтиот гол дело на Митровски.
Македонија со овие три бода ги заврши квалификациите со скор од само две победи, едно реми и дури седум порази. Со освоени седум бода нашите надежи завршија како предпоследни.