Македонската фудбалска репрезентација до 17 годин и во претстојниов период ќе биде домаќин на квалификациски турнир во рамките на првата рунда за пласман на Европското првенство. Македонија е во група со селекциите на Шпанија, Израел и Фарски Острови а во елитната рунда ќе продолжат првите две пласирани репрезентации.
За овој квалификациски турнир, селекторот на Македонија, Марио Вујовиќ повика и пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за Анатолиј Петејчук, Али Асани, Александар Ѓурковски, Филип Андоновски и Азер Омерагиќ.
Првиот натпревар, нашата селекција го игра во сабота против Шпанија.