Оваа сезона ЖРК Вардар, доживеа сериозно “реновирање“ на место на претходниот тим дојдоа млади девојки од школата на црвено-црниот тим. Тие имаа сериозен предизвик пред себе да го оправдаат големото име Вардар.
Беше неизвесно како ќе се адаптираат во Супер лигата против поискусните и повозрасните екипи со искуство во истата. Сепак одлично досега младиот тим на црвено-црните игра во лигата па изненадувачки и се пред себе “гази“. Девојките на Симовски Симе и Ристова Драгана викендов против ЦЕМС во 7.коло дојда до нова победа со која имаат неверојани 16.бода по само седум меча (5 победи, 1 реми, 1 пораз). Особено е важна формата, во последните четири суперлигашки кола имаат исто толку триумфи, а на тоа “додадоа“ и младинска победа. Во неделата го “потопија“ и тимот на РК Кузман во младинската лига. Девојките покажаа дека иако се млади, храброста и неспоштедната работа донесуваат резултати. На официјалната веб-станица на клубот веќе се поставени нивните имиња, податоци за позицијата, датумот на раѓање и фотографии па може да ги запознаете новите вардарови хероини.
На следниот ЛИНК може да се запознаете со новите првотимки кои ги бранат боите на црвено-црниот женски колектив.