Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пет играчи од ФК Вардар повикани за квалификацискиот турнир на Македонската репрезентација до 17 години
Пет играчи од ФК Вардар повикани за квалификацискиот турнир на Македонската репрезентација до 17 години

Пет играчи од ФК Вардар повикани за квалификацискиот турнир на Македонската репрезентација до 17 години

Македонската фудбалска репрезентација до 17 годин и во претстојниов период ќе биде домаќин на квалификациски турнир во рамките на првата рунда за пласман на Европското првенство. Македонија е во група со селекциите на Шпанија, Израел и Фарски Острови а во елитната рунда ќе продолжат првите две пласирани репрезентации.

За овој квалификациски турнир, селекторот на Македонија, Марио Вујовиќ повика и пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за Анатолиј Петејчук, Али Асани, Александар Ѓурковски, Филип Андоновски и Азер Омерагиќ.

Првиот натпревар, нашата селекција го игра во сабота против Шпанија.