Поради ЕХФ-неделата поголем дел од ростерот на црвено-црниот ракометен тим е во матичните земји каде се подготвуваат за предизвиците со своите селекции. Игор Карачиќ ќе дел од хрватската селекција на првите два квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2020.
Тој слободните денови пред собирот со “каубоите“ ги минува во родниот град Мостар во БиХ. Средниот бек на социјалните мрежи објави фотографија од еден ноќен клуб во градот Мостар каде што пушта музика на на ди-џеј пултот.