Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2005„ утре на теренот во Ѓорче ќе одигра меч од регионалната-скопска лига
ФК Вардар генер. “2005„ утре на теренот во Ѓорче ќе одигра меч од регионалната-скопска лига

ФК Вардар генер. “2005„ утре на теренот во Ѓорче ќе одигра меч од регионалната-скопска лига

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005„ година утре на теренот во Ѓорче ќе го одигра својот натпревар во рамките на регионалната-скопска лига, каде за противник ја има екипата на Македонија Ѓ.П. Генерацијата на Вардар “2004„ службено го добива натпреварот, поради фактот што противникот нема екипа во оваа возрасна генерација.

Избраниците на Сашо Јанев, генерацијата “2005„ има пет последователни победи на стартот од дебитантската сезона во регионалната-скопска лига. До пред одигрување на ова коло, црвено-црните издвојуваа победи во дуелите против екипите на Шкендија, Работнички, Милано, Њу Старс и Шкупи. Ова е шанса да стигнеме до нов триумф, а на натпреварот со Ѓорче, вардарци се фаворити за трите бодови. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 09:00 часот.