Правдата на големото дерби меѓу Вардар и Шкендија ќе ја дели Марјан Маркоски од Охрид. Негови помошници ќе му бидат Лика Куштрим од Кичево и Грданоски Симон од Струга. Четврти судија ќе биде Тодоровски Жарко од Охрид. Очекуваме фер и коректно судење на охридскиот судија.
Дербито Вардар – Шкендија се игра во недела од 14-30 часот во Маџари. Дојдете на стадион да навиваме за нашиот тим на овој важен натпревар.
Доколку Вардар победи, ќе побегне на дури десет бодови предност.