Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Трибината на стадионот се отвора во 13:30 часот, а се затвора во 14:20 часот, односно 10 минути пред почетокот на мечот
Трибината на стадионот се отвора во 13:30 часот, а се затвора во 14:20 часот, односно 10 минути пред почетокот на мечот

Трибината на стадионот се отвора во 13:30 часот, а се затвора во 14:20 часот, односно 10 минути пред почетокот на мечот

Ново соопштение од ФК Вардар за неделниот натпревар во Маџари. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Фудбалскиот клуб Вардар ги превзема сите мерки за мечот со Шкендија во недела во 14:30 часот во рамките од Првата лига на Македонија. 

Уште еднаш потсетување дека мечот е прогласен од висок ризик, и за него важат специјални безбедносни мерки. На гостинските фанови и симпатизери нема да им биде дозволен влез на трибините на стадионот „Борис Трајковски“. Внесувањето на остри и трврди предмети, како и пиротехнички средства е строго забрането. 

Трибината на стадионот се отвора во 13:30 часот, а се затвора во 14:20 часот, односно 10 минути пред почетокот на мечот. Затоа апелираме да дојдете во овој термин на стадион, затоа што по затворањето на вратите, нема да биде дозволен влез на трибините. Исто така апел и до службените лица да дојдат порано на стадионот. 

ФК Вардар напоменува дека при купување на билет, задолжително е покажување на документ за лична идентификација, по принципот еден билет – една влезница. 

На крај до фановите кои ќе бидат присутни, да се однесуваат во рамките на фер и коректноста на овој меч, да навиваат коректно и спортски, и да му дадат поддршка на Вардар да дојде до нова победа во првенството.