Македонската фудбалска репрезентација до 15 години во наредниов период ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора. Истите ќе се одиграат во Подгорица, на 23 и 25-ти октомври.
За ови пријателски натпревари, селекторот на Македонија, Неџат Шабани повика четворица играчи од Вардар. Се работи за капитенот на вардаровата генер. “2004„ Максим Милошевски кој ќе дебитира во националниот дрес, а покрај него повик добија уште и Никола Павлески, Георг Стојановски и Бесар Гуџуфи.