Од денес се до 28 октомври во Будимпешта, Унгарија за светските титули во борење ќе се борат пријавените рекордни 850 борачи од 97 земји во светот. Целта на сите е да се освои една од 30-те медали во слободен стил, грчко-римски и женско борење.
Натпреварите ќе се одржуваат во “ПАПП ЛАСЛО“ Арената, а боите на Македонија ќе ги бранат двајца црвено-црни борачи. Утре, на 21 октомври настапува до 57 кг- ВЛАДИМИР ЕГОРОВ кај кого во категоријата има пријавени над 32 соперника. Додека на 22 октомври до 97 кг ќе настапи најдобриот Македонски борач, единствен рангиран на светската УВВ ранг листа МАГОМЕДГАЏИ НУРОВ , кај кого има преку 40 светски асови.
Вардаровиот стручeн штаб предвидува и се надева нашите претставници да остварат по 2 победи , (досега само Вардарците стабилно и сигурно извојувале победи на меѓународна сцена), на ЕГОРОВ се надеваме во однос на квалитетот на учесниците да се пласира на 8-10 место, а според стабилната подготовка и правилниот режим , НУРОВ дава показатели дека е ГОТОВ да се вмеша во борбата за медал.
Сите средби и резултати ќе можете да ги следите на линков