Денеска во Маџари се игра дербито на колото. Лидерот на табелата Вардар ја пречекува екипата на Шкендија која и оваа сезона е главен конкурен на црвено – црните за титулата.
Вардарци се подготвени за уште една добра партија и продолжување на низата без пораз во ПМФЛ.
Не е тајна дека Вардар на овој дуел ќе биде ослабен со неиграњето на Барсегјан и Максимов, но не е и тајна дека Вардар знае да одигра добро и без својот најдобар стрелец.
Играчите се мотивирани и подготвени, останува на навивачите да дојдат денеска во Маџари во голем број и да им бидат нивниот 12-ти играч.
Билетите се по цена од 100 денари, а натпреварот започнува од 14-30 часот.
Можен состав: Гачевски, Тошевски, Попов, Новак, Тодороски, Мицевски, Битанг, Најдовски, Цветаноски, Брдаровски и Лира.
Напред Вардар!