Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа втората победа во шампионатот на Македонија, откако вчера го победија тимот на Вардар на гостински терен со резултат 72-102 (25-24, 12-24, 14-34, 21-20).
Вардар одигра добро во првата четвртина и по десет минути игра водеше со еден поен разлика 25-24. Во вториот период нашиот тим го стигна малку заморот, па така на пауза МЗТ успеа да замине со предност од плус 11. Третата четвртина беше клучна на натпреварот. Црвено – црните успеаја да постигнат само 14 поени во оваа четвртина а да примат дури 34. Иако нашите играчи добија уште еден период, последниот, сепак тоа не беше доволно за поинтересен натпревар.
Во редовите на Вардар и на овој натпревар се истакна Провел кој реализираше 25 поени (8-15) од игра за вкупно 27 минути поминати на теренот. Најефикасни поединци во тимот на МЗТ Скопје беа Маслинко со 20 поени и Дамјан Стојановски со 17.
Вардар во третото коло гостува кај Фени Индсутри.