Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дојдете во Маџари, на Вардар му треба голема поддршка!
Дојдете во Маџари, на Вардар му треба голема поддршка!

Дојдете во Маџари, на Вардар му треба голема поддршка!

Денеска во Маџари се игра дербито на колото. Лидерот на табелата Вардар ја пречекува екипата на Шкендија која и оваа сезона е главен конкурен на црвено – црните за титулата.

Вардарци се подготвени за уште една добра партија и продолжување на низата без пораз во ПМФЛ.

Не е тајна дека Вардар на овој дуел ќе биде ослабен со неиграњето на Барсегјан и Максимов, но не е и тајна дека Вардар знае да одигра добро и без својот најдобар стрелец.

Играчите се мотивирани и подготвени, останува на навивачите да дојдат денеска во Маџари во голем број и да им бидат нивниот 12-ти играч.

Билетите се по цена од 100 денари, а натпреварот започнува од 14-30 часот.

Можен состав: Гачевски, Тошевски, Попов, Новак, Тодороски, Мицевски, Битанг, Најдовски, Цветаноски, Брдаровски и Лира.

Напред Вардар!