Кадетките на Вардар стигнаа до петтата победа во лигата, откако на домашен терен убедливо ја совладаа екипата на Лихнид (35:23). Во текот на целиот меч, вардарки беа во предност, така да ниту во еден момент не беше доведена во прашање победа за избраничките на Платон.
Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар.