Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Даниел Ѓорѓески за еден месец се враќа на голот на Вардар
Даниел Ѓорѓески за еден месец се враќа на голот на Вардар

Даниел Ѓорѓески за еден месец се враќа на голот на Вардар

Младиот голман во редовите на Вардар, Даниел Ѓорѓески за околу еден месец се враќа на терените и на голот на црвено-црните. Ѓорѓески имаше оперативен зафат на коленото, каде имаше проблеми со менискусот, а имаше интервенција и на предниот вкрстен лигамент. Поради тоа го пропушти целиот подготвителен период на својот тим и почетокот на сезоната во СЕХА и Лигата на Шампионите.

За две недели, Ѓорѓески ќе започне активно да тренира со Дејан Периќ и со неговите двајца соиграчи, Милосављев и Гедбан и од некаде 20-ти ноември треба да се стави на располагање на тренерот Парондо, тоа значи дека ќе се комлетира голманската тројка помеѓу стативите на Вардар.