Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кисељев: На домашен дуел на Вардар ечи цела сала, тоа е нешто неверојатно
Кисељев: На домашен дуел  на Вардар ечи цела сала, тоа е нешто неверојатно

Кисељев: На домашен дуел на Вардар ечи цела сала, тоа е нешто неверојатно

Тој е еден од  овогодинешните засилувања  на  Вардар, станува збор за рускиот бек Дмитри Кисељев. Неговиот трансфер од родната Русија кон европската елита му донесе слава на домашен терен. Па собирот на руската селекција, му направија интервју, младиот ракометар зборува за адаптацијата во Скопје, атмосферата во и околу натпреварите со црвено-црниот ракометен машки колектив.

Не беше ни блиску, туку повеќе од тоа што очекував. Она што ми остави најголем впечаток е колку тренерот и играчите разбираат ракомет. Ова е сосема друго ниво од тоа на кое играв претходно. Ако постојат сличности меѓу Санкт Петербург тогаш тие се мали и незначајни. Клубовите се целосно различни. Меѓутоа јас бргу ги прифатив принципите, немав проблем. Овде публиката е задолжителна да ја имате. На натпреварите во Скопје сигурно е застрашувачки за гостинските екипи. Се сеќавам на еден случај се играше и одеднаш цела арена почна да пее во еден глас. Толку многу, што почна да се слуша ехо под сводовите. Јас седев на клупата и заборавив на тоа што се случуваше на теренот. Беше нешто неверојатно, нешто ново за мене. Ми помагаат нашите момци, Горбок, Дибиров и Шишкарев и не само на спортски план, туку и во секојдневниот живот. Во претсезоната немаше многу слободно време, сега нешто повеќе барем успев да го видам Скопје- вели рускиот бек.