Младиот голман во редовите на Вардар, Даниел Ѓорѓески за околу еден месец се враќа на терените и на голот на црвено-црните. Ѓорѓески имаше оперативен зафат на коленото, каде имаше проблеми со менискусот, а имаше интервенција и на предниот вкрстен лигамент. Поради тоа го пропушти целиот подготвителен период на својот тим и почетокот на сезоната во СЕХА и Лигата на Шампионите.
За две недели, Ѓорѓески ќе започне активно да тренира со Дејан Периќ и со неговите двајца соиграчи, Милосављев и Гедбан и од некаде 20-ти ноември треба да се стави на располагање на тренерот Парондо, тоа значи дека ќе се комлетира голманската тројка помеѓу стативите на Вардар.