Во текот на денешниот ден активни се квалификациските натпревари за пласман на ракометното Европско првенство во 2020 година.
Со своите репрезентации активни ќе бидат вкупно седум ракометари од екипата на Вардар. Најмногу ги има во селекцијата на Русија, која денес за противник ја има репрезентацијата на Италија. Во составот на Кокшаров се најдоа и четворица играчи од Вардар. Тоа се Дибиров, Кисељев, Калараш и Шишкарев. Голманот на Вардар, Дејан Милосављев е вклучен во составот на Србија за денешниот меч кој го играат пред својатра публика против селекцијаа на Белгија. Дуел во рамките на квалификациите денес ќе одиграат и Словенија и Латвија и тоа во меѓусебен дуел, на кој ќе видиме и двајца ракометари од Вардар. Се работи за Грегор Оцвирк кој дебитира во националната селекција на Словенија, додека во составот на Летонија ќе настапи и Даинис Кристопанс.