Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Ибиши донесе победа за младинците на Вардар во дуелот со Шкупи, кадетите минимално поразени
Ибиши донесе победа за младинците на Вардар во дуелот со Шкупи, кадетите минимално поразени

Ибиши донесе победа за младинците на Вардар во дуелот со Шкупи, кадетите минимално поразени

Половичен успех за двете вардарови екипи во денешното заостанато 6.коло во првенството на младинските фудбалски категории.

Кадетите на ФК Вардар се минимално поразени со 0:1. Единствениот гол падна во второто полувреме и тоа во 51 минута, а истиот го постигна гостинската екипа од Чаир, која ги освои трите бодови од овој меч.

Тренерот Танески настапи со следниве 11-сетмина: Андов, Мирчевски, Митревски, Бојковски, Манасиевски, Ристовски, Хасановиќ, Попоски, Крстевски, Зендели, Цури.

Младинците пак успеаа да триумфираат и да го одржат чекорот за титулата со екипата на Шкендија, зад која сега заостануваат само три бодови. На денешниот дуел против Шкупи, избраниците на Андовски триумфираа со резултат 2:1 и тоа со двата погодоци на Џемал Ибиши. Вардар го отвори резултатот во 7.минута за предност од 1:0 откако погоди Ибиши. До крајот на првиот дел, тимот на Шкупи го израмни резултатот на 1:1. Во второто полувреме, поточно во 55 минута со вториот гол на Ибиши, ги поставивме конечните 2:1 на овој заостанат натпревар од 6.коло.

Вардар: М.Велковски, Радевски, Антовски, Младеновски, Адем, Ибиши, Талески, Д.Велковски, Петковски, Тасев, Димоски.