Вардаровиот борач Могамедгаџи Нуров во репасажот во категоријата до -97килограми на Светското првенство во борење во Будимпешта, Унгарија, извојува победа во првата средба против Казакстанецот Мамед Ибрагимов со 5:2 на поени, а во втората која одлучуваше кој ќе се бори за бронзениот медал загуби со 5:0 од натурализираниот Узбекистанец Могамед Ибрагимов.
НУРОВ имаше шанса да биде во борбата за медал , но за нас и ова 7 место во Светот е огромен успех. Голем хендикеп беше забоболката и отечениот заб на нашиот борач. Сепак 7.позиција на планетарен собир е успех сам по себе.