Половичен успех за двете вардарови екипи во денешното заостанато 6.коло во првенството на младинските фудбалски категории.
Кадетите на ФК Вардар се минимално поразени со 0:1. Единствениот гол падна во второто полувреме и тоа во 51 минута, а истиот го постигна гостинската екипа од Чаир, која ги освои трите бодови од овој меч.
Тренерот Танески настапи со следниве 11-сетмина: Андов, Мирчевски, Митревски, Бојковски, Манасиевски, Ристовски, Хасановиќ, Попоски, Крстевски, Зендели, Цури.
Младинците пак успеаа да триумфираат и да го одржат чекорот за титулата со екипата на Шкендија, зад која сега заостануваат само три бодови. На денешниот дуел против Шкупи, избраниците на Андовски триумфираа со резултат 2:1 и тоа со двата погодоци на Џемал Ибиши. Вардар го отвори резултатот во 7.минута за предност од 1:0 откако погоди Ибиши. До крајот на првиот дел, тимот на Шкупи го израмни резултатот на 1:1. Во второто полувреме, поточно во 55 минута со вториот гол на Ибиши, ги поставивме конечните 2:1 на овој заостанат натпревар од 6.коло.
Вардар: М.Велковски, Радевски, Антовски, Младеновски, Адем, Ибиши, Талески, Д.Велковски, Петковски, Тасев, Димоски.