Кошаркарите на Вардар овој викенд ќе го одиграат својот трет натпревар во новата сезона. Играчите на Радуловиќ ќе гостуваат кај екипата на Фени Индустри во Кавадарци во рамките на четвртото коло од Првата кошаркарска лига.
Вардарци беа слободни во второто коло, па така во овој момент се на скор од 0-2 и се наоѓаат на осмата позиција на табелата. Во предходоното коло, на домашен терен, Вардар загуби убедливо од МЗТ а одново најдобар играч беше Провел со над 20 поени.
Дуелот со Фени Индустри ќе биде одигран во сабота со почеток од 18.00 часот.