Денес продолжуваат ракометните натпревари во рамките на квалификациите за пласман на ЕП.
Од денешните дуели, настап со своите репрезентации ќе имаат тројца играчи од редовите на Вардар. Стоилов и Поповски се најдоа во составот на селекторот Гонзалез, за дуелот на Македонија која вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски„ во Битола е домаќин на Турција. Веќе се објавени составите за овој натпревар, а во нив место имаше очекувано за Стоилов и Поповски.
Натпревар ќе одигра и Хрватска која пред својата публика ја пречекува селекцијата на Швајцарија, а на теренот на овој меч ќе биде и средниот бек на Вардар, се работи за Игор Карачиќ.
Двата натпревари започнуваат во терминот од 20:15 часот.