Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Гедбан и Дисингер се покажаа како добри готвачи
(ФОТО) Гедбан и Дисингер се покажаа како добри готвачи

(ФОТО) Гедбан и Дисингер се покажаа како добри готвачи

Денеска е светскиот ден на пастата (тестенините), па дел од ракометарите на Вардар се приклучија во неговото одбележување.

Ако прашате спортист кои се неговите омилени јадење на листата секако ќе се најде и паста. Лесно се приготвува, брзо се вари и пред се’ ослободува енергија што е многу потребна при напорните тренинзи и натпревари што ги имаат. Денеска е светскиот ден на пастата (тестенините), па дел од ракометарите на Вардар се приклучија во неговото одбележување.

tt5

Нашите момци покажаа дека знаат и да подготват паста, и тоа навистина вкусна. За да ги покажат своите готварски способности ресторанот во хотел Русија ни ја отстапи кујната, а во улога на „шеф” се појавија Калифа Гедбан и Кристијан Дисингер.

tt3

Двајцата ни открија дена тестенините се меѓу нивните омилени јадења, и се обидоа и самите да го подготват она што сакаат да го конзумираат. Варење на тестенините, подготовка на преливот, сервирање и најважно од се’ оценка за подготвеното.

tt2 tt4 tt

Готвачите во хотел Русија беа задоволни од готвачкитеквалитети на ракометарите, а тие за момент можеа да видат како изгледа кујната од која секојдневно ги добиваат оброците. И се разбира и самите да приготват јадење што потоа ќе им биде послужени на други, кои го оценат нивниот труд со „многу вкусно”.