Најновото засилување во редовите на РК Вардар, Кристијан Дисингер ќе го носи дресот со број 15. Репрезентативецот на Германија на својата ФБ страна се пофали со црвено-црниот дрес и напиша “Време е за старт!“,
Се очекува Дисингер да дебитира во дресот на Вардар, на следниот натпревар во СЕХА-лигата, кој Вардар го игра на гостински терен против екипата на Брест Мешков, а против истиов противник само четири дена подоцна ќе ги одмериме силите и на меч од Лигата на Шампионите.