Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките од ЖРК Вардар со 6/6 во лигата, со триумф над Спартак и го честитаа роденденот на голманката Грујовска
Девојките од ЖРК Вардар со 6/6 во лигата, со триумф над Спартак и го честитаа роденденот на голманката Грујовска

Девојките од ЖРК Вардар со 6/6 во лигата, со триумф над Спартак и го честитаа роденденот на голманката Грујовска

44

Црвено-црните девојки од ЖРК Вардар денес во рамки на Супер лигата  гостуваа кај  новајлијата во лигата ЖРК Спартак.  Вардарки дојдоа до шеста победа во лигата со резултат 21-32. Денес свој родеден прославуваше еден од најмладите членови на овој тим голманката Симона  Грујовска. Колешките на оваа ракометна надеж за нејзиниот роденден и подарија гостинска победа, а она одбрани прекрасен прв дел со само 8 примени гола.

Дуелот започна со наше водство од 0-1 со голот на Петковска Мирјана, по што следеше мини серија 3-1 со која домаќинот го презема водството и поведе до 3-2. Тоа беше прв, а воедно и последен пат тие да имаат предност на овој натпревар.  Ние се одлепивме на 5-7 потоа со добра игра, но домаќинот најде сили и изедначи на 8-8. Е од овде почна она што веќе го видоа неколку тима во суперлигашката конкуренција “црвено-црниот“ пекол. Нашата одбрана одигра одличи, на голот славеникот  Симона  Грујовска ја “спушти“ ролетната таа не прими гол 13.минути до крајот. Тоа беше наградено од креативните девојки во напад, па со серија 0-7 поведовме со  8-15 и со овој резултат заминавме на одмор.

h
Вториот дел започна со по еден гол за почетни 9-16.  Игравме одлично во поле па ја најавивме шестата победа во серија, “танцот“ на црвено-црните дами беше не сопирлив. Некаде неколку минути по средината на вториот дел отидовме и на двоцифрена предност, поведувајќи со 17-27. Се до крајот беше рутина, за нас умно и со игра гол за гол го водевме дуелот кон победа со висока предност. На крајот триумфиравме со 11 гола повеќе од ривалките, на семафорот стоеше  21-32 во наша корист.

Прв стрелец немаме бидејќи одигравме тимски, интересен факт е дека дури пет девојки имаа по четири гола: Ана Марија Божиновска, Трпевска Ивона, Гроздановска Ангела,  Николиќ Милица и Ана Марија Коларовска. На голот Симона  Грујовска имаше 7 одбрани(1.пенал) и Илиќ Андреа која настапи во вториот дел дојде до 7 интервенции.