Вчера на 5 септември во организација на Endurance.mk – во Градскиот Парк Скопје во соработка со “Скопски Маратон“ се одржа првиот ноќен Полумаратон во Македонија – ‘City Park Night 21.На истиот атлетичарот на АК Вардар Завировски Петре имаше второ најдобро време на трката.
Овој прв ноќен полумаратон во земјава се трчаше во Градски Парк на патеката која е кружна. Наистата еден круг наизнесува 1750 метри ,а се вртат вкупно 12 круга. Нашиот атлетичар трката ја истрча со време 1:25:26 кое беше доволно за “сребрената позиција“ . Овој резулат е 4-ти најдобар во кариерата на Завировски на полумаратони . Негов најдобар резулат на ваква делница е 1:17:35. Завировски е задоволен од времето и пласманот кој го оствари бидејќи времето беше спарно и имаше тешки услови за тркава.