Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пет фудбалери на Вардар настапија за македонските селекции
Пет фудбалери на Вардар настапија за македонските селекции

Пет фудбалери на Вардар настапија за македонските селекции

Од повиканите шест момци дури пет членови на црвено – црните  настапија за селекциите на Македонија во сениорска и младинска возрасна категорија.

Македонската сениорска селекција имаше неславен ден и беше поразена во финишот од Луксембург со 1-0 . На овој меч за А-селекцијата на земјава на голот беше Томе Пачовски. Тој воедно ја носеше и капитенската лента на црвено- жолтите. Исто така сите 90 минути ги одигра и вториот вардарец -Никола Глигоров. Тој имаше покрај добрите потези и еден забележителен удар од некаде 20-сетина метра кој за жал не се претвори во погодок.  Дополнително повиканиот во репрезентацијата на Македонија младиот Владица Брдаровски остана на клупата на  овој дуел .

Македонската селекцијата до 21 година  ја совлада Украина ,а нашиот Бобан Николов  беше капитен на оваа селекција тој ги   одигра сите 90 минути. Овој меч како стартер го почна и Дарко Велковски кој за жал во финишот доби црвен картон. Капитенот на У-19 младиот вардарец  Петар Петковски влезе во 67 минута и со ова го имаше своето деби за селекцијата предводена од Боби Милевски У-21 .