Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Среќен роденден Андреа Лекиќ
Среќен роденден Андреа Лекиќ

Среќен роденден Андреа Лекиќ

Денеска својот 28-ми роденден го прославува една од најуспешниот спортист на денешницата. Денес е среќен ден за членот на Жрк Вардар и Српската репрезентација, Андреа Лекиќ која има зад себе освоено многу трофеи и лични признанија. Прогласена за најдобар светски играч во 2013 година, истата 2012/2013 сезона ја освојува европската титула со Ѓер во лигата на шампионите. Три години е прогласувана за најдобар играч во својата земја, со која во 2013 година освојува сребрен медал.

Два бронзени медали во последните две сезони на лигата на Шампионите со нашиот шампион, екипата на Жрк Вардар. Има освојувано и многу првенствени и куп трофеи со тимовите на Крим Ѓер и секако Вардар. Богата интернационална кариера за Лекиќ, која се надеваме дека ќе ја збогати во новата сезона со уште една титула од ЛШ. Ние и посакуваме многу среќа, здравје, љубов и успеси на спортски план.