Tuesday ,12 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Фк Вардар, го покажаа својот квалитет во дербито со Пелистер
Пионерите на Фк Вардар, го покажаа својот квалитет во дербито со Пелистер

Пионерите на Фк Вардар, го покажаа својот квалитет во дербито со Пелистер

Пионерите на Фк Вардар се јасни дека оваа сезона нема шега со нив, без разлика кој е противникот со кој ќе играат. Забележана е третата последователна победа, од исто толку одиграни мечеви на стартот на сезоната. Пелистер овој пат беше тимот кој со наведнати глави си замина, после крајот на натпревар со оваа црвено-црна генерација. На теренот на Локомотива, нашите пионери остварија висок триумф од 4:0. Елвир Рамиќ, Марко Ѓоргиевски, Јакуп Бериша и Марио Спасиќ беа стрелци на головите.

Дуелот беше отворен со удар од белата точка, кој во погодок го претвори капитенот Елвир Рамиќ, за кој ова е втор негов гол. Битолскиот тим беше далеку од квалитетот и играта на нашите надежи, па речиси и да не направија ништо посериозно кон нашиот гол. Повратникот и најдобриот стрелец минатата сезона во сите младински категории Марко Ѓоргиевски погоди за 2:0 со кој се замина на полувреме. Ѓоргиевски започна да тренира и настапува за кадетите, каде паралелно ќе игра за двете генерации. Денес доби шанса да игра за своите пионери и веднаш ја затресе мрежата на противникот.

Во вториот дел, со уште два голови ја потврдивме победата на вечното дерби. Јакуп Бериша кој минатиот меч постигна хет-трик и овој пат успеаа да се запише во листата на стрелци, за резултат 3:0 во тие моменти. Добрата игра резултираше со уште еден гол во мрежата на Пелистер. Пред крајот на натпреварот Марио Спасиќ при една добра акција, го постави конечниот резултат на овој меч од 4:0.

Пионерите се наоѓаат на првото место на табелата, после три одиграни кола имаат максимални 9 бодови. Пофалби за целата екипа која функционира максимално во сите правци на игра. Тренерот Сашо Тодоровски мора да биде задоволен од своите избраници за играта која ја прикажуваат на стартот на новата сезона.