Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генерации гордо не претставија на турнирот во Благоевград
Вардаровите генерации гордо не претставија на турнирот во Благоевград

Вардаровите генерации гордо не претставија на турнирот во Благоевград

Изминатиов период две наши генерации, фудбалери родени “2003“ и “2004“ учествува на третото издание на младинскиот меѓународен турнир во Благоевград (Бугарија). Генерацијата родени “2004’ која ја предводи Филип Арсовски го освоија четвртото место на овој турнир. Голем успех за овие млади момчиња беше пласманот во полуфиналето и во четирите најдобри екипи. Во групата забележаа две победи и еден пораз, што беше доволно да влезат во борба за финалниот меч. Таму ги остварија следниве резултати:

1 коло: Фк Вардар- Левски Софија 2:0

Стрелци: Марио Ричков и Димитар Стоимов

2 коло: Фк Вардар- Црвена Ѕвезда 1:2

Стрелец: Марио Ричков

3 коло: Фк Ботев Пловдив-Фк Вардар 2:3

Стрелци: Георг Стојановски, Марио Ричков и Горазд Попов

vardarfans 2004

Во полуфиналето се сретнавме со екипата на Тампа Брашов од Романија. Во еден квалитетен и интересен меч, по долга борба Романците беа поуспешни и забележаа победа од 2:1. Стрелец за Вардарци на овој дуел беше Георг Стојановски. Во борбата за третото место повторно се сретнавме со Ц.Ѕвезда и изгубивме со резултат 0:2. Втор турнир по ред, наградата за најдобар голман ја добива Стефан Тасев.

vardarfans 2003

Уште една наша генерација не претставуваше на овој силен турнир. Генерација “2003“ која ја предводи Ане Андоновски го освоија на крајот шестото место, откако на пенали со 4:1 ги победија своите врсници од Славија Софија. На овој пенал-рулет, одлични интервенции забележа нашиот голман Лука Стојковски кој одбрани дури три пенали.