Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Во второто полувреме одигравме подобро и преку контра напади го одлучивме натпреварот
Гонзалес: Во второто полувреме одигравме подобро и преку контра напади го одлучивме натпреварот

Гонзалес: Во второто полувреме одигравме подобро и преку контра напади го одлучивме натпреварот

Ракометарите на Вардар го одиграа вториот натпреваро во сеха лигата, каде на гостувањето во Струмица остварија победа од 26:35. Игравме колку што беше потребно, и ја впишавме втората победа во ова натпреварување. Само на моменти Макс Струмица се доближуваше до нашата позитива, која на крај беше изразена во девет гола разлика. Најефикасен беше Дибиров со 6, дури тројца играчи постигнаа по 5 голови, Циндриќ, Шишкарев и Лацковиќ. Изјави после мечот од тренерот Гонзалес и крилото Манасков.

-Сакам да и честитам на екипата на Струмица бидејќи одигра добар натпревар. Во почетокот имавме проблеми со одбраната и пикерот, како и со нападот, откако создадовме четири голови предност кон крајот на првиот дел игравме полесно. Во второто полувреме ракометарите на Струмица делуваа уморно, а ние одигравме подобро и преку контра напади го одлучивме натпреварот, изјави Гонзалес.

-Лошо го почнавме натпреварот, и имавме проблеми и во напад и во одбрана. Откако успеавме да ги намалиме техничките грешки обезбедивме мала предност на полувреме, а потоа се беше поинаку. Игравме подобро и на крај ја победивме екипата на Струмица, рече Мансков на пресот после мечот.

Веќе во среда играме нов натпревар, против добро познатиот Нексе во Јане Сандански.