Од повиканите шест момци дури пет членови на црвено – црните настапија за селекциите на Македонија во сениорска и младинска возрасна категорија.
Македонската сениорска селекција имаше неславен ден и беше поразена во финишот од Луксембург со 1-0 . На овој меч за А-селекцијата на земјава на голот беше Томе Пачовски. Тој воедно ја носеше и капитенската лента на црвено- жолтите. Исто така сите 90 минути ги одигра и вториот вардарец -Никола Глигоров. Тој имаше покрај добрите потези и еден забележителен удар од некаде 20-сетина метра кој за жал не се претвори во погодок. Дополнително повиканиот во репрезентацијата на Македонија младиот Владица Брдаровски остана на клупата на овој дуел .
Македонската селекцијата до 21 година ја совлада Украина ,а нашиот Бобан Николов беше капитен на оваа селекција тој ги одигра сите 90 минути. Овој меч како стартер го почна и Дарко Велковски кој за жал во финишот доби црвен картон. Капитенот на У-19 младиот вардарец Петар Петковски влезе во 67 минута и со ова го имаше своето деби за селекцијата предводена од Боби Милевски У-21 .