РК Вардар денес патува за Брест, нашиот тим утре ќе искочи на “мегдан“ со Мешков Брест. Ова е дуел во рамките на регионалната СЕХА-лигата. Двата тима на 3. ноември во Скопје ги очекува многу поважен меч во Лигата на шампионите. Па црвено-црните одлучија за дуелот од утре да отпатуваат со комбиниран состав и без првиот тренер, Роберто Гарсија Парондо.
Така на средбата со тимот на Брест екипата ќе го предводи од клупата помошникот на шпанецот, Билјана Црвенкоска. Овој потег е историски бидејќи она ќе стане првата дама во историјата на СЕХА-лига која ќе предводи една екипа. Остатокот од тимот кој имаше репрезентативни обврски ќе дојде во Скопје и ќе се подготувава за дуелот од елитната лига во сабота.