Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Парондо одржа предавање во интернационалното училиште “Нова“
(ФОТО) Парондо одржа предавање во интернационалното училиште “Нова“

(ФОТО) Парондо одржа предавање во интернационалното училиште “Нова“

Во текот на денешниот ден наа покана на интернационалното училиште Нова, предавање на учениците од осмо одделение им одржа тренерот на вардарци, Роберто Гарсија Парондо.

Успесите на Вардар на меѓународна сцена секогаш се интересни за младите, кои во играчите веќе пронаоѓаат сопствени идоли и ѕвезди. На покана на интернационалното училиште Нова, денеска предавање на учениците од осмо одделение им одржа тренерот на вардарци, Роберто Гарсија Парондо. Тема на предавањето беше „Одговорноста” и како истата е дел од ракометната игра. Како се избира играч, зошто токму тој, како се размислува и колку брзо треба да се донесе клучна одлука во важен момент од играта.

Многумина токму сега дознаа дека до 17 години Парондо свирел на гитара, кога добил покана од Валјадолид. Бил на раскрсница дали да остане дома и да продолжи така или да превземе одговорност и донесе одлука. Потоа продолжил со играње, но постојано се надградувал и н а23 години почнал да размилсува: Што понатаму, дали постојано ќе бидат играч?

pp2

Така почнува едукацијата и учењето да се биде тренер, да се навлезе подлабоко во самото разбирање на играта и на тактиката. Пред неколку години повторно бил пред нова одлука. Како играч во Унгарија, дали да биде уште неколку години на теренот или да ја прифати понудата на Вардар да дојде и да биде тренер на женската екипа.

Учениците со голем интерес го сослушаа она што Парондо имаше да им го каже, за одговорноста, за одлуките што треба да се превземат, не само на теренот туку и во животот, а сѐ со цел да се исполни некоја желба, некој сон. Па и како се реагира кога ќе се загуби натпревар или ќе се победи. Како се зборува на тајм аут, на македонски или англиски? И што кога ќе се згреши во изборот на играч на теренот.

И на крајот Парондо им порача на учениците: „Решете што е најдобро за вас и вашата кариера. Бидете одговорни, и постојано учете и надградувајте се”.