Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите се зацврстија на врвот на табелата, младинците и пом.пионери одржуваат чекор зад лидерите
Пионерите се зацврстија на врвот на табелата, младинците и пом.пионери одржуваат чекор зад лидерите

Пионерите се зацврстија на врвот на табелата, младинците и пом.пионери одржуваат чекор зад лидерите

Изминатиов викенд се одигра 8.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Екипите на Вардар забележаа половичен успех во дуелите со прилепска победа, остварувајќи две победи и два порази.

Помладите пионери пропуштија шанса да се вратат на врвот на табелата во првата помлада пионерска супер лига. Избраниците на Деспотовски го претрпеа вториот пораз сезонава на гостувањето кај екипата на Победа (1:0) и останаа со 13 освоени бодови. Добро е што нашиот најголем конкурент за трофејот, екипата на Работнички беше поразена на гостувањето кај Брегалница, а со триумфот над Вардар, екипата на Победа се искачи на 3. место на табелата. Во оваа категорија Работнички и Брегалница ги делат првите две места, со 16 освоени бодови, додека Вардар е дури на 4.место но со само три бодови заостанување зад лидерите.

Како и минатото, така и ова коло во првата пионерска лига, најмногу профитираше токму екипата на Вардар. Избраниците на Кралевски со три бодови се вратија од гостувањето во Прилеп (0:1) и се зацврстија на првото место на табелата. Работнички одигра само со нерешен резултат на гостувањето во Штип, додека Шкупи го искористи киксот на романтичарите и изби на второто место на табелата. Вардар е лидер на табелата со 17 освоени бодови, дури шест повеќе од екипите на Работнички и Шкупи, кои имаат по 11 бодови.

Кадетите повторно беа поразени на домашен терен (2:3) и на тој начин го претрпеа својот петти пораз сезонава. Избраниците на Таневски имаат само 9.освоени бодови и се наоѓаат на 6.позиција на табелата. Во оваа категорија, Шкендија е прва со 22 бодови, второто место е за Македонија Ѓ.П која има 19, додека на третото место се наоѓа Работнички кој има 17 бодови.

Младинците на Вардар го задржуваат чекорот со екипата на Шкендија и стигнаа до 7.првенствена победа. Момците на Андовски немаа проблеми во дуелот со Победа и прашањето за бодовите го решија уште во првото полувреме, кога имавме висока предност од 4:0. Во вториот дел постигнавме уште еден гол, за конечни 5:0. Шкендија стигна до осмата последователна победа триумфирајќи над екипата на Њу Старс и остана на првото место на табелата со три бодови повеќе од екипата на Вардар.