Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Црвенкоска ќе биде дел од историјата на СЕХА, прва дама која ќе води тим од клупата
Црвенкоска ќе биде дел од историјата на СЕХА, прва дама која ќе води тим од клупата

Црвенкоска ќе биде дел од историјата на СЕХА, прва дама која ќе води тим од клупата

РК Вардар денес  патува за Брест, нашиот тим утре  ќе искочи на “мегдан“ со  Мешков Брест. Ова е дуел  во рамките на регионалната СЕХА-лигата. Двата тима на  3. ноември во Скопје ги очекува многу поважен  меч во Лигата на шампионите. Па црвено-црните  одлучија за дуелот од утре  да отпатуваат со комбиниран состав и без првиот тренер, Роберто Гарсија Парондо.

Така на средбата со тимот на Брест екипата ќе го предводи од клупата помошникот на шпанецот, Билјана Црвенкоска. Овој потег е историски бидејќи она  ќе стане првата дама во историјата на СЕХА-лига која ќе предводи една екипа. Остатокот од тимот кој имаше репрезентативни обврски ќе дојде во Скопје и ќе се подготувава за дуелот од елитната лига во сабота.