Натпреварот помеѓу РК Вардар и шпанскиот шампион Барселона во рамките на седмото коло во Лигата на шампионите ќе се игра пред полна сала. Билети за дуелот кој ќе се игра во домот на црвено-црните, Салата „Јане Сандански“ се целосно расподадени.
Можно е да има и додатни билети доколку се одлучат од клубот да пуштат дополнителни карти во продажба за стоење, нешто што се практикуваше изминатата сезона за дуелите во елитната лига. Но, пред средбата со каталонците која се игра на 11 ноември, претходно Вардар го пречекува Мешков Брест во рамките на ЕХФ ЛШ. Овде ситуацијата со преостанатите билети е подобрена, останаа уште над 1.500 билети, но сепак и тоа е голема бројка која треба да се наполни.
Затоа апел до вистинските вардарци, набавете билет и за оваа средба Вардар се сака и гледа на секој меч без разлика на ривлот, бидејќи ние идеме в сала за црвено-црниот клуб.