Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар очекувано загуби кај Брест Мешков
Вардар очекувано загуби кај Брест Мешков

Вардар очекувано загуби кај Брест Мешков

Очекувано, комбинираниот и млад состав на Вардар доживеа пораз на гостувањето кај екипата на Брест Мешков, втор за нашиот шампион во ова натпреварување.

Младиот состав на Вардар одлично го започна мечот и по 6.минути игра имавме предност од 1:4, од кои два гола беа дело на Војводиќ, додека по еден постигнаа Мишевски и Поповски. На голот започна Калифа Гедбан кој стартуваше со две последователни одбрани. Сепак како одминуваше мечот, Брест Мешков ја стопи предноста на Вардар и ја превзема контролата на резултатот. Во следните четири минути, домашниот тим направи серија од 4:0 и за прв пат на дуелот поведе со 5:4. Серијата ја прекинавме кога вративме со два гола во серија и имавме водство од 5:6. Сепак во следните седум минути, Вардар не успеа да постигне гол, а Мешков влезе во гола серија од 7:0 и поведе со 12:6. Правевме доста грешки во обидите да проиграме со пикер, а домашниот тим постигна многу голови преку контра напади. Сепак следеше наша серија од 0:3 за да намалиме на 12:9 во 21 минута, а во листата на стрелци се запиша и Димов. До крајот на првото полувреме не постигнавме гол, додека Брест Мешков направи серија од 7:0 и на одмор замина со двоцифрена предност од 19:9.  Во првото полувреме шанса добија и пикерите Атанасовски и Гашоски, додека покрај Мишевски на позицијата лев бек во игра влезе и Кукуловски. Десен бек играше Поповски, додека на десно крило беше младиот Мартин Димов. На голот Гедбан имаше четири успешни одбрани.

Големо искуство за овие млади играчи, кои имаа можност денес да го покажат својот потенцијал. Со два гола во серија на Стефан Атанасовски, нашиот состав намали на 22:13. Гедбан со нова одрана му овозможи на својот тим да ја намали негативата, тоа му успева на Војводиќ кој постигна гол за 22:14 во 40 минута. Не можевме против тимот во чиј состав денес беа играчи како Разгор, Ивиќ, Баранау и Шумак. Радува добриот настап на Атанасовски кој веќе стигна до својот 3 гол од 4 обиди кон противничкиот гол. За одбележување е и влегувањето на голманот Марко Кизиќ, кој веднаш стигнува до две одбрани на голот на Вардар. На крајот, Брест Мешков слави триумф со резултат 35:20.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Војводиќ кој постигна 5 голови, додека Атанасовски и Поповски имаа по 4 погодоци. Во сабота играме нов меч против истиот противник, на домашен терен во рамките на ЛШ.